Тројца тинејџери ранети во пукање на Тајмс Сквер во Њујорк
- Тројца тинејџери се ранети синоќа во пукање на Тајмс Сквер во Њујорк, соопшти денеска полицијата.

Њујорк, 18 јули 2023 (МИА) - Тројца тинејџери се ранети синоќа во пукање на Тајмс Сквер во Њујорк, соопшти денеска полицијата.
Пукањето се случило во близина на Седмата авенија синоќа околу 22:50 часот по локално време.
Ранетите тинејџери се на возраст меѓу 15 и 18 години и се вон животна опасност.
Полицијата е во потрага по напаѓачот. паг/
Фото: МИА архива