Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
- Англискиот шампион Ливерпул би можел да се раздели со тројца напаѓачи во текот на летниот преоден рок.
Ливерпул, 20 мај 2025 (МИА) - Англискиот шампион Ливерпул би можел да се раздели со тројца напаѓачи во текот на летниот преоден рок.
Како што известува новинарот Флоријан Плетенберг на својот X профил, клубовите од Саудиска Арабија покажуваат интерес за уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез.
Според изворот, Ливерпул има понуди и за уште двајца напаѓачи - Португалецот Диого Жота и Колумбиецот Луис Дијаз. И двајцата би можеле да го напуштат тимот и доколку трансферите се реализираат, наоѓањето нов напаѓач ќе стане приоритет за Ливерпул.
Луис Дијаз има 49 натпревари оваа сезона, 17 гола и осум асистенции, Дарвин Нуњез играше на 46 натпревари, постигна седум гола и направи седум асистенции. Диого Жота одигра 36 натпревари, постигна девет гола и направи четири асистенции. дс
Фото: Архива