• петок, 03 мај 2024

Тројца мигранти исчезнаа во близина на Лампедуза, меѓу нив и едно четиримесечно бебе

Тројца мигранти исчезнаа во близина на Лампедуза, меѓу нив и едно четиримесечно бебе

Рим, 29 март 2024 (МИА) – Три лица исчезнаа, меѓу кои и едно четиримесечно девојче, кога брод со мигранти се преврте во близина на италијанскиот остров Лампедуза.

Во областа за спасување под италијанска јурисдикција, бродот на германската невладина организација „Луѓе во движење“, веднаш штом го забележал чамецот со мигранти, обезбедил елеци за спасување, додека тие го чекале пристигнувањето на патролниот чамец на крајбрежната стража.

Во меѓувреме, мигрантите се вознемириле и кога се обиделе да му се приближат на бродот на невладината организација Тротамар III, паднале во водата, пренесе Анса. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан