Тројца загинати во пукањето во кампусот во Лас Вегас, едно лице рането (ДПЛ)
- По пукањето во кампусот на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, три лица се убиени, а едно е рането, додека напаѓачот е убиен од полицијата, јави Си-Ен-Ен.
Лас Вегас, 7 декември 2023 (МИА) - По пукањето во кампусот на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, три лица се убиени, а едно е рането, додека напаѓачот е убиен од полицијата, јави Си-Ен-Ен.
- Повреденото лице, кое било во критична состојба, е згрижено во болницата Санрајс и сега е во стабилна состојба, изјави шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил.
Во истата болница биле згрижени уште три лица за кои не е наведено како се повредени.
Шерифот додал дека полицијата го знае името на напаѓачот, кое нема да го објави додека не биде известено неговото семејство, но полициски извор за Си-Ен-Ен изјавил дека станува збор за 67-годишен професор, чија поврзаност со Универзитетот засега не е позната.
Оваа година имало 80 престрелки во училиштата, од кои 29 биле на универзитетски и колеџ кампуси. паг/
Фото: МИА архива