• понеделник, 04 ноември 2024

Тројца загинати во превртениот чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Миконос

Тројца загинати во превртениот чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Миконос

Атина, 26 мај 2023 (МИА) – Безживотните тела на три лица се извлечени во спасувачката акција во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, откако се превртил чамец со мигранти, додека пак спасени се двајца, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во морскиот дел биле откриени телата на две жени и еден маж, а спасувачката акција продолжува.

Портпаролот на грчката крајбрежна служба Никос Кокалос, како што претходно објави МИА, за државната телевизија ЕРТ рече дека од 6.30 часот утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел во близина на Миконос, а се интервенира од воздух, копно и вода, за евентуално пронаоѓање на исчезнатите.

Двајцата спасени изјавиле дека со нив се пренесувале уште шест лица. ср/сд/

Остани поврзан