Тројца загинати во најновите руски воздушни напади врз Украина
- Украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, кажа дека проектилите биле насочени кон најмалку пет региони низ земјата. Три лица загинаа, а осум се повредени откако беше гранатиран облакодер во главниот град. „Ова е стилот на терористите. Стилот на Русија“, напиша Клименко на Телеграм.
Киев, 24 јуни 2023 (МИА) - Најмалку три лица загинаа во Киев рано утринава, откако Русија повторно изведе воздушни напади врз Украина во текот на ноќта, соопштија украинските власти.
Украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, кажа дека проектилите биле насочени кон најмалку пет региони низ земјата.
Три лица загинаа, а осум се повредени откако беше гранатиран облакодер во главниот град.
„Ова е стилот на терористите. Стилот на Русија“, напиша Клименко на Телеграм.
Украинската армија соопшти дека нивната противвоздушна одбрана уништила 41 од 51 истрелани крстосувачки ракети, како и две беспилотни летал.
Серхи Попко, шефот на воената администрација на Киев, во од воено соопштение наведе дека оштетувањето на облакодерот е предизвикано од фрагменти од соборен проектил. Тој додаде дека околу градот биле соборени повеќе од 20 проектили.
Вработените во итната помош утринава пребаруваа низ урнатините на местото на настанот, каде што беше видлива дупка на едната страна од зградата.
Градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм изјави дека е можно повеќе луѓе да се останати заробени под урнатините.
Официјални лица во југоисточниот регион Дњепропетровск соопштија дека осум лица биле ранети, од кои две деца, а неколку згради биле уништени во тамошните напади.
Гувернерот Серхи Лисак изјави дека противвоздушната одбрана уништила девет проектили и три беспилотни летала, но дека биле погодени станбени згради во главниот град на регионот Дњепар и дел од инфраструктурата.
И Харков, вториот по големина град во Украина, ноќеска е нападнат со најмалку два руски проектила, , при што еден погоди индустриска зона, а другиот оштети гасовод, изјави гувернерот Олех Синехубов, додавајќи дека во нападот нема жртви.
Има извештаи за експлозии и во други градови, но засега нема информации за жртви или материјална штета. сд/
фото:ЕПА