• петок, 05 декември 2025

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Велес потпишаа кодекс за фер и демократски избори

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Велес потпишаа кодекс за фер и демократски избори

Велес, 26 септември 2025 (МИА) - На три дена пред официјалното почнување на кампањата, на осмите локални избори, тројцата кандидати за градоначалник на општина Велес,  Марко Колев од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, Маријана Деловска од Демократи и Маја Хеско од СДСМ и Коалицијата денеска во Големата сала на Општина Велес  го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Марко Колев истакна дека очекува во наредните 20 дена да водат фер и демократски избори, да зборуваат за проекти, за решенија на граѓаните.

- Јас и пред четири години го потпишав овој Кодекс и докажав дека може да се води кампања како што доликува. Истата кампања ќе ја водам и сега. Од мене нема да слушнете нешто што не треба или да напишам нешто што не треба, рече актуелниот и кандидат за втор мандат, Колев.

 Маја Хеско истакна дека Кодексот за нејзе како социолог е срж на демократијата.

-Воедно и  максимално почитување на правилата на избор и на водење на кампања без употреба на навреди. Ќе водиме апсолутно позитивна и фер кампања, истакна  кандидатката за Градоначалник, Маја Хеско.

Маријана Деловскапорача дека дека ќе се залага за ненавредлива, демократска и фер кампања.

Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори го организираше Општинската изборна комисија додека потпишувањето го следеа набљудувачи на ОБСЕ. ад/сст/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан