• петок, 22 ноември 2024

Тропската бура Џулија прерасна во ураган

Тропската бура Џулија прерасна во ураган
Вашингтон, 9 октомври 2022 (МИА) - Тропската бура Џулија прерасна во ураган, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Невремето е со ветрови со брзина од 120 километри на час. Неколку земји од Централна Америка беа ставени во состојба на готовност поради нејзиното приближување. Меѓу нив се Никарагва, Колумбија и Гватемала. Бурата може да ги зафати и Хондурас и Ел Салвадор. Сега минува во близина на колумбиските острови Сан Адрес и Провиденсија и се очекува да ја погоди Никарагва. паг/  

Остани поврзан