Три уметнички со заедничка изложба во Тетово насловена „Откривање на нашата природа“
- „Откривање на нашата природа“ е насловена заедничката изложба на уметничките Ивона Велковска, Катерина Филиповска Стефановска и Розета Картов која вчеравечер свечено беше отворена во Музеј на тетовски крај. Изложените дела ќе може да се погледнат до 20 септември во големата сала на Музејот на тетовски крај (Дом АРМ)
Тетово, 12 септември 2025 (МИА) - „Откривање на нашата природа“ е насловена заедничката изложба на уметничките Ивона Велковска, Катерина Филиповска Стефановска и Розета Картов која вчеравечер свечено беше отворена во Музеј на тетовски крај. Изложените дела ќе може да се погледнат до 20 септември во големата сала на Музејот на тетовски крај (Дом АРМ)
„Трите уметнички пред тетовската публика се претставуваат со 40 уметнички дела-слики во акрилна техника со разни мотиви на тема „Престојот во природа и добросостојбата на личноста“, информираат од Музеј на тетовски крај.

Сите три уметнички дипломирале на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на одделот за сликарство, под менторство на Рубенс Корубин (1999).
Ивона Велковска (1975) живее и работи во Скопје како ликовен педагог и професор по ликовна уметност во средно образование. Катерина Филипоска-Стефановска (1976) од 1999 година работи како ликовен педагог и професор по ликовна уметност во средно образование во Тетово. Розета Картова (1975) исто така, работела како професор по ликовна уметност во СОСУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. ас/сст/
фото Музеј на тетовски крај