• понеделник, 13 мај 2024

Три малолетни девојчиња загинаа во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Хиос

Три малолетни девојчиња загинаа во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Хиос

Атина, 10 април 2024 (МИА) – Три девојчиња, неофицијално сестри на возраст од пет до десет години, го загубија животот во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Хиос, а спасени се 16 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека на карпестиот брег во североисточниот дел на островот била спроведена спасувачка акција во која биле откриени безживотните тела на трите малолетни девојчиња и спасени 14 лица, додека пак на копно биле пронајдени и спасени уште две лица. ср/рп/

Остани поврзан