• четврток, 26 март 2026

Три земјотреси регистирани во областа Кутахја во западна Турција, најсилниот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтер

Три земјотреси регистирани во областа Кутахја во западна Турција, најсилниот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтер

Анкара, 25 април 2025 (МИА) - Три земјотреси се регистирани денеска во областа Кутахја во западна Турција, а најсилниот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала и се случил во реонот на градот Симав во истата област, на длабочина од 12,1 километар, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Претходно на истата локација се регистрирани уште два земјотреси - со магнитуда од 4,5 степени и со магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Гувернерот на Кутахја, Муса Ешен, за ТРТ изјави дека наставата во училиштата во Симав и околните села е откажана за еден ден. Образовниот процес во градот Пазарлар е исто така прекинат поради сеизмичка активност. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан