ТРИ донира 1000 книги на македонските библиотеки
- По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија.

Скопје, 11 август 2023 ( МИА) - По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија.
Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ, ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и ќе ја зацврсти врската меѓу книгите и читателите, со тоа што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература.
- Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, велат од тимот на издавачката куќа.љм/са/
Фото: Издавачки Центар ТРИ