• петок, 22 ноември 2024

Три години по убиството на Ивановиќ не се пронајдени сторителите

Три години по убиството на Ивановиќ не се пронајдени сторителите
Белград, 16 јануари 2021 (МИА) - Лидерот на Граѓанската иницијатива (ГИ) Слобода, демократија, правда (СДП) Оливер Ивановиќ е убиен на денешен ден пред три години во северниот дел на Косовска Митровица. Во него беше пукано пред канцеларијата на ГИ СДП од возило во движење. Специјалното обвинителство во Косово подигна обвиненија против шест лица за вмешаност во убиството на Ивановиќ, а издаден е меѓународен налог за апсење на Милан Радојчиќ и Звонко Веселиновиќ поради обвинението за раководење со криминална група. Радојчиќ е потпретседател на Српска листа и контроверзна фигура во српската заедница во Косово. Откако косовските власти се обидоа да го уапсат, во негова одбрана застана претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во процесот што го води Специјалното обвинителство пред Општиот суд во Приштина обвинети се шест лица. Истрага води и Специјалното обвинителство во Белград, но се уште не се соопштени резултатите. Во јули 20217 година беше запален автомобилот на Ивановиќ, а тој во последното интервју оцени дека Србите во северниот дел на Косово не стравуваат толку од Албанците колку од локалните Срби – „криминалци и кабадахи кои возат џипови без регистарски таблички“. Синот на Ивановиќ, Никола за телевизија Н1 озјави дека според негови сознанија во истрагата за убиството на неговиот татко не е постигнат напредок. Тој додаде дека неговото семејство се чувствува безнадежно бидејќи „имаат впечаток дека никогаш нема да бидат фатени убиците“. И СДП оцени дека истрагата „не напредувала, туку се вратила чекор назад“ поради опструкции на истражните органи во Приштина. Во Косовска Митровица за денеска е предвидено да се одбележи годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ, кој е погребан во Белград. ми/

Остани поврзан