• недела, 22 декември 2024

Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда

Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда

 

Аугсбург, 22 април 2024 (МИА) – Навивач на германскиот фудбалски прволигаш Хофенхајм, кој фрли пиротехничко средство на бундеслигашкиот натпревар против Аугсбург минатата есен, е осуден денеска на затворска казна од три години, јавија агенцијата ДПА.

Во инцидентот кој 28-годишниот навивач го предизвика на 11 ноември лани, фрлајќи петарда од трибината со гостински навивачи, беа повредени 14 лица, меѓу кои пет деца.

Обвинителство на процесот во судот во Аугсбург бараше насилникот да биде осуден на казна затвор од четири години и десет месец, истакнувајќи дека чинот бил „особено непромислен“.

Навивачот, кој во текот на судскиот процес ја призна вината и повеќе пати јавно се извини, е во притвор повеќе од пет месеци. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан