• петок, 22 ноември 2024

Трипуновски: Сточарството изумира како земјоделска гранка заради катастрофалните политики на СДСМ

Трипуновски: Сточарството изумира како земјоделска гранка заради катастрофалните политики на СДСМ

Скопје, 8 април 2024

- Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава извести за катастрофалните политики на СДСМ во делот на сточарството.

Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за бројот на молзни крави и за производството на кравјо млеко во Република Македонија. Бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските сточари.

Во прилог ви ја пренесуваме целосната facebook објава на Трипуновски:

Стоп на катастрофалните политики на СДС во сточарството 

Еве како СДС го уништува млекопроизводството во Македонија 

Бројот на молзни крави во 2023 година е намален за 53 илјади грла или изразено во проценти има пад од 40,3% во споредба со бројот на грла во 2016 - Извор: ДЗС

Производството на кравјо млеко во 2023 година е намалено за 165 милиони литри или изразено во проценти има пад од 40,9% во споредба со производството во 2016 - Извор: ДЗС

Сточарството изумира како земјоделска гранка во Република Македонија 

Статус на ФБ на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Цветан Трипуновски

 

 

 

Остани поврзан