Трипуновски: Откупната цена на јаболката во Ресен е под производната
- Годинешната реколта е катастрофална каде што мал удел имаа временските услови во Македонија, а поголем дел од одговорноста припаѓа на Владата и МЗШВ заради погубните политики во земјоделството.
Скопје, 17 октомври 2023
Денеска сум во Ресен на средба со земјоделците од овој регион.
Годинешната реколта е катастрофална каде што мал удел имаа временските услови во Македонија, а поголем дел од одговорноста припаѓа на Владата и МЗШВ заради погубните политики во земјоделството.
Изминативе дваесетина дена во Македонија е дозволен увоз на јаболко од Србија, Албанија па дури и од Молдавија на штета на македонското квалитетно јаболко, а исто така во овој регион откупната цена е далеку под производната цена додека крајниот потрошувач на пазарите ширум Македонија купува скапо јаболко.
За неколку месеци од сега доаѓа нова Влада во Република Македонија која што навистина ќе покаже како со идеи, со конкретна визија и мерки ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец.
Линк од ФБ објава на Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ:https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/184777311266238
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.