Трипуновски: Младите земјоделци се во фокусот на Министерството
- СООПШТЕНИЕ - Министерот Трипуновски посочи дека во делот на образованието во земјоделскиот сектор, оваа е прва студиска година каде што на Земјоделскиот факултет се отвори нова студиска насока за Дигитално земјоделство.
12 ноември 2024
Утринава министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски гостуваше во утринската емисија на радио „Лидер“ каде што посочи дека младите земјоделци се во фокусот на Министерството. Според него секој кој што во семејството како нов член, како нов помладок сака да продолжи со земјоделство потребно е да ги следи светските трендови, да го модернизира сопственото производство или производството кој што го имал неговиот родител.
„Значи тоа треба да биде со примена на нови технологии. Но тоа да биде во рамките на она што значи земјоделско производство“, појасни министерот Трипуновски.
Тој додаде дека се прекинува ланецот затоа што нема рентабилност.
„Да сега ќе ги убедиме младите да опстојат во секторот, ќе дадеме дополнителен стимул, ќе дадеме надеж, ќе вратиме доверба во системот, меѓутоа треба и тие млади што ќе продолжат, треба да ги следат светските трендови“, заклучи министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека во делот на образованието во земјоделскиот сектор, оваа е прва студиска година каде што на Земјоделскиот факултет се отвори нова студиска насока за Дигитално земјоделство. Тоа е комбинација помеѓу земјоделско производство и модерна технологија се со цел олеснување на процесите.
„Во делот на земјоделското производство апелирам да се пристапи сериозно, образованието да биде основа за производство. Мора да го вратиме земјоделството како гранка, како професија, како дејност што има иднина“, заклучи тој.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.