• вторник, 05 ноември 2024

Трипуновски: Да се обезбеди дотур на вода во акумулацијата Паљурци од хидро системот Ѓавато за успешен старт на пролетната сезона

Трипуновски: Да се обезбеди дотур на вода во акумулацијата Паљурци од хидро системот Ѓавато за успешен старт на пролетната сезона

Скопје, 24 февруари 2024

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во теренска  работна посета на општина Богданци каде што оствари средби со повеќе земјоделци, едно земјоделско здружение и исто така ја посети браната на акумулацијата Паљурци.

Заради лошите политики на МЗШВ и Власта обработливото земјоделско земјиште е преполовено, околу 1000 земјоделци ќе останат без егзистенција. Ако во минатото системот за наводнување опслужувал 550 ха земјоделско земјиште во моментов истиот опслужува околу 220 ха земјоделско земјиште што директно влијае на количината произведени земјоделски производи. Акумулацијата Паљурци која има капацитет од 3 милиони метри кубни вода, во моментов има 350 илјади метри кубни што е блиску до биолошкиот минимум кој изнесува 300 илјади метри кубни што доволно говори за негрижата за акумулациите и хидро системите во Република Македонија.

Немањето на сигурен дотур на вода до земјоделските површини е еден од главните проблеми кои се посочени од земјоделците од Богданци, Стојаково и Ѓавато за намалување на интересот за обработка и производство на раноградинарски култури, лозарство и овоштарство. Тенденцијата на намалување на обработка на земјоделски површини ќе се намали доколку најитно не се обезбеди дотур на вода во акумулацијата Паљурци од хидро системот Ѓавато.

Трипуновски изјави дека уште во понеделник ќе разговара со надлежните од Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и ќе достави барање до Владата за обезбедување на потребни средства за пуштање во употреба на хидро системот Ѓавато како би се обезбедиле потребните почетни количини вода за да имаме непречен старт и создавање на услови за сигурност за старт на пролетната сезона. Трипуновски се надева на разбирање и соработка од страна на министерствата и Владата за овој проблем со кој што се соочуваат земјоделците од овој регион.

Трипуновски им вети на земјоделците дека ќе ги информира за текот на постапката и исходот од истата.

 Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Трипуновски

 

 
 

Остани поврзан