• петок, 03 мај 2024

Трипуновски: Бабовски денес повторно покажа дека не му е гајле за народот

Трипуновски: Бабовски денес повторно покажа дека не му е гајле за народот

Скопје, 1 октомври 2023

Бабовски денес повторно покажа дека не му е гајле за народот. Ниту еден доказ, ниту еден конкретен демант.

Сериозна власт денес ќе презентираше конкретни докази дека постапката е согласно закон, ниту видовме записници ниту решенија за мерки дека канцерогените млеко и млечни производи се вратени односно соодветно уништени.

Несериозно е како институција директор на АХВ да излезе за ваков скандал и да каже дека Цветан и ВМРО лажат и шират паника, без да приложи барем еден доказ.

Повторно го повикувам Бабовски  да излезе и со документи  и докази за постапките кои наводно ги имаат преземено.

Во меѓувреме нека си ја спрема и оставката, но и нека се подготвува за одговорност, за скоро време.

 

Фејсбук објава на Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан