Трибина „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност”
- Разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“ ќе се одржи денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“ ќе се одржи денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Разговорот го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и ќе учествуваат професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски.
Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.
Настанот се одржува во рамки на одбележувањето 25 години од наградата „Роман на годината“.бт/хс/
Фото: Филолошки факултет на УКИМ