• понеделник, 22 април 2024

Трет ден по ред ЕУ не можат да се договорат за десетиот пакет санкции кон Русија

Трет ден по ред ЕУ не можат да се договорат за десетиот пакет санкции кон Русија

Брисел, 24 февруари 2023 (МИА) - Земјите на ЕУ, трет ден по ред, и денеска не успеаја да се договорат за новите санкции против Русија, откако Полска го отфрли барањето на Италија за полесни нови ограничувања за увозот на гума, наведуваат дипломати во Брисел.

Полска соопшти дека предложените ограничувања за увоз на руска гума во ЕУ вклучуваат толку голема квота за ослободување и толку долги транзициски периоди што тие во пракса нема да имаат никаков ефект.

Другите земји од ЕУ беа збунети од фактот дека Варшава, со својата позиција, ризикува да не се усвојат новите санкции на годишнината од рускиот напад врз Украина, и тоа поради само еден елемент од поширокиот пакет.

-Ова е многу лоша оптичка врска. Тоа што требаше да биде клучно овде беше пораката за солидарност со Украина на овој посебен ден, изјави дипломат вклучен во преговорите меѓу 27-те земји на ЕУ во седиштето на Унијата во Брисел.

Сите земји-членки мора да ги одобрат санкциите за тие да стапат на сила, поради што преговорите на 27-те често се долги и мачни.

ЕУ најави дека ова ќе биде десетта рунда санкции против Русија од почетокот на војната.

Меѓу другото, тие ќе санкционираат поединци кои Западот ги смета за руски пропагандисти, како и оние кои Киев ги смета за одговорни за депортацијата на украинските деца во Русија.

Новите санкции ќе исклучат уште неколку руски банки од глобалниот систем SWIFT.

-Можевме договорот да го постигнеме во вторникот. Ова е бизарно, заклучи друг европски дипломат. сд/

Остани поврзан