• вторник, 05 ноември 2024

Третопласираниот кандидат Синан Оган со поддршка за Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција

Третопласираниот кандидат Синан Оган со поддршка за Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција

Анкара, 22 мај 2023 (МИА) - Синан Оган, кој на минатонеделните претседателски избори во Турција го освои третото место, во вториот круг од изборите, што ќе се одржат на 28 мај,  најави поддршка за актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Националистичкиот кандидат ја објави својата одлука денеска, неколку дена пред вториот круг од изборите кога Турците ќе одлучат дали Ердоган или лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу ќе ја водат земјата во следните пет години.

Во првиот круг од изборите на 14 мај, Ердоган освои 49,52 отсто и беше многу блиску до победа во првиот круг.

Киличдароглу, кандидатот на шестпартискиот опозициски сојуз освои 44,88 отсто, а Оган, кој беше поддржан од Алијансата АТА, е трет со 517 отсто од гласовите.

Оган (55), поранешен академик, беше кандидат на сојузот на десничарските партии предводени од Партијата на победата, која е позната по нејзиниот антиимиграциски став во Турција, најголемиот приемник на бегалци во светот.

Киличдароглу пред неколку дена кажа дека ќе укине многу од промените на Ердоган во внатрешната и надворешната политика, како и во економијата и промената на економската програма која се справува со кризата со зголемените животни трошоци.

Ердоган, пак, додава дека гласањето за него во вториот круг е глас за стабилност.

Аналитичарите сметаат дека поддршката на Оган за Ердоган дава сила, но и ги дели поддржувачите на Оган. 

Партијата на победата утре посебно ќе го соопшти својот став за поддршка на кандидатите во вториот круг. сд/

Остани поврзан