• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска – Мари Брнз: Ќе ја продлабочиме воспоставената соработка

Тренчевска – Мари Брнз: Ќе ја продлабочиме воспоставената соработка
Скопје, 7 март 2022(МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз. На средбата, двете соговорнички се осврнаа на веќе воспоставената добра меѓусебна соработка и за нејзиното унапредување, како и на актуелната состојба во Украина. -Како човек кој го застапува почитувањето на човековите права го осудувам секое загрозување на човековите права и секој напад врз сувереноста на една држава. Ставот на Владата на Северна Македонија е дека сувереноста на државата треба да биде заштитена и дека каков било напад врз држава, во случајот Украина е за секаква осуда. Како Министерство имаме главна улога во делот на процесот на подготовка за прифаќање на граѓани од Украина кои ја напуштаат својата држава, во делот на обезбедување на соодветен престој, заштита и поддршка во периодот додека трае ваквата состојба во Украина. Со информација, Владата ќе ја информираме за можностите кои ги има Министерството за труд и социјална политика и за капацитетите со кои располагаме. Ќе информираме за колкав број на бегалци и граѓани на Украина кои ја напуштаат својата држава ќе можеме да им обезбедиме поддршка и помош, овде во нашата држава, рече Тренчевска. Амбасадорката Брнз посочи дека заканата за Украина од Русија е закана за демократските вредности насекаде во светот. Министерката Тренчевска ја информираше амбасадорката за политиките и предизвиците на Министерството во областа на човековите права, повисок животен стандард, во делот на реализирањето на социјалните реформи, имплементирањето на мерките од Оперативниот план, за Законите за родова еднаквост, за вработување на лицата со попреченост и за Законот за работни односи, за поголемо учество на жените во политиката, за Стратегијата за инклузија на Ромите. Тренчевска се заблагодари на поддршката што нашата држава ја добива од САД и ја информираше амбасадорката, дека мерките за самовработување и обуки даваат одлични резултати, кај младите, жените и лицата со попреченост, бидејќи овозможуваат нивно активно вклучување на пазарот на трудот. Таа посочи дека на утрешната владина седница ќе биде донесен Оперативниот план за вработување кој содржи активни мерки и политики за 2022 година. ир/нд/  

Остани поврзан