• недела, 19 мај 2024

Тренчевска: Социјалните претпријатија придонесуваат кон еколошки и економски развој и намалување на сиромаштијата кај најранливите

Тренчевска: Социјалните претпријатија придонесуваат кон еколошки и економски развој и намалување на сиромаштијата кај најранливите
Скопје, 27 мај 2022 (МИА) - Во процесот на развој на социјалните финансиски инструменти неопходно е да се работи на страната на побарувачката, односно да се развиваат програми за подготовка на социјалните претпријатија за инвестиции, како и на понудата, односно да се работи на развој на финансиски инструменти и можности за финансирање кои се соодветни на потребите на социјалните прептријатии, истакна министерката за труд и социјална политике Јованка Тренчевска на денешниот промотивен настан за поддршка на социјалното претприемништво. Тренчесвка рече дека социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси и создаваат еднакво општество, придонесуваат кон еколошки и економски развој и кон намалување на сиромаштијата кај најранливите. Таа информира дека оваа есен ќе го подготват првиот извештај на Националната стратегија за социјалните претпријатија и Акцискиот план. - Националната стратегија за социјалните претпријатија која се усвои минатата година од страна на Владата на Република Северна Македонија ги поставува основите и основните постулати за развој на социјалните претпријатија, нивната препознатливост во општество и мерки за нивна економска одржливост.  Националната стратегија за социјалните претпријатија е скица на еко-системот кој го градиме како Министерство за труд и социјална политика во соработка со сите заинтересирани страни вклучително и донаторската заедница, граѓанскиот сектори институциите во рамки на Владата. Имплементацијата ан оваа стратегија е надополнета и со национален координиран механизам за следење на самата иимплементација. Оваа есен ќе го подготвиме првиот извештај на стратегијата и акцискиот план. Фокусот кој што го имаат социјалните претпријатија, покрај економските активности и создавањето на добри и услуги е да создаваат општествени добра и да обезбедат вклучување на социо-економското зајакнување на поединецот и неговото семејство а при тоа зачувувајќи го нивното достоинство со почитување на учеството во одлучувањето, во распределбата на профитот и  во спроведувањето на социјалната мисија, рече министерката. Тренчевска истакна дека социјалните претпријатија го помагаат економскиот раст, влијаат на социјалната кохезија и развој на новите технологии. - МТСП како креатор и генератор на социјалните политики заедно со социјалните претприемачи покажа дека нема тежок и лесен процес, туку само дали има или нема разбирање и добра волја. Тековниот проект за развој на социјалните претпријатија, финансиран од Европската унија, кој гои спроведува во соработка со МТСП ја обезбедува поддршката за создавање на структура, законски решенија, промоција и можности за финансиска поддршка на социјалните претпријатија, рече Тренчевска. Амбасадороот на Европската Унија, Дејвид Гир во своето обраќање на денешната дискусија за поддршка на социјалното претприемништво се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика и на сите активни чинители за иницирање на една ваква дискусија, посочувајќи дека само со заедничка работа можат да се постигнат вистински резултати. Гир истакна дека социјалните претпријатија се вистински, целосно одржливи компании, кои вработуваат луѓе кои во спротивно би останале без работа, без пари а можеби и без иднина. -Среќен сум што Северна Македонија работи на развојот на социјалното претприемништво, а делегацијата на ЕУ ќе продолжи да дава поддршка за овој процес и да и помага на Владата во подготовка на национална стратегија за развојот на ваков вид на претприемништво, додаде амбасадорот Гир. На крајот на овој настан беше презентиран документарниот филм Барка-Извор на живот, во кој се прикажува ентузијазмот за социјалното претприемништво како реален и возможен модел на солидарна економија, несебичната поддршка која менува животни судбини и ја враќа насмевката, среќата и самодовербата.фф/бт/

Остани поврзан