• вторник, 24 декември 2024

Тренчевска: Заедно со УНФПА ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија 

Тренчевска: Заедно со УНФПА ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија 

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Соработката на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНФПА во делот на застапувањето на човековите права, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Флоренс Бауер, регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. 

Особен фокус на средбата беше ставен на денешната регионална Конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња” која се одржа во Скопје и конференцијата која за 10 дена ќе се одржи во Женева и ќе претставува дел од мозаикот на дискусиите кои имаат за цел да придонесат во поголемото почитување на човековите права.

Бауер и Тренчевска, информираат од МТСП, разговараа и за важноста на Стратегијата за демографски политики и Акцискиот план кој моментално е во подготовка и треба да придонесе во унапредување на прашањето за миграции и стареењето на населението како предизвик со кој се соочува државата, но и целиот регион воопшто.

На средбата се разговараше и за  анти-родовите движења кои се активни во нашата држава, нивното загрозување на човековите права и наоѓањето на заедничко решение за справување со предизвикот пред кој е исправена државата. Присутните истакнаа дека напредокот кој го постигна Република Северна Македонија изминатиот период во обезбедување на човековите права и еднаквост, не смее да сопре и дека токму ваквата партнерска поддршка е клучна за тоа. вј/нд/

Фото: МТСП

 

Остани поврзан