• четврток, 21 ноември 2024

Тренчевска: Да ја подигнеме свеста за булингот за да овозможиме мирно детство за сите деца

Тренчевска: Да ја подигнеме свеста за булингот за да овозможиме мирно детство за сите деца

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Да ја подигнеме свеста за булингот за да овозможиме мирно детство за сите деца, истакна вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

- Децата од детското драмско студио – „Неврленд“ вечерва одиграа една особено важна претстава за булингот, прва ваква во нашата држава. Претставата „Ех... да можев“ ја означи детската тага, ја пренесе детската загриженост и се одвиваше во насока на подигање на свеста за булингот. Ги поддржувам ваквите иницијативи и ја поддржувам детската креативност. Со поддршката на ОБСЕ, децата оваа претстава ќе имаат можност да ја одиграат на територијата на целата држава. Да ја подигнеме свеста за булингот за да овозможиме мирно детство за сите деца. Ја искажувам мојата почит кон Христина Арнаудова и Здружението „Проект Среќа“ што оваа претстава ја направија реалност. „Ех... да можев“ допре до моето срце, се наведува во објавата на министерката на Фејсбук. бд/сп/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан