• петок, 22 ноември 2024

Тренчевска: Испратени се дописи до сите градинки како да се постапува во случај на било какви дојави за бомби

Тренчевска: Испратени се дописи до сите градинки како да се постапува во случај на било какви дојави за бомби

Скопје, 6 март 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информира дека веќе се испратени дописи до сите градинки како да се постапува и како да се заштитат децата од било какви дојави за бомби.

-Ние постапуваме, не размислуваме. Веќе се испратени дописи до сите градинки како да се постапува и како да се заштитат од било какви дојави. Тоа е направено заедно со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална работа во делот на градинките како да ги заштитиме и во случај да има дојави како безбедно да излезат децата од објектите, рече Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“. фф/бак/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан