• петок, 22 ноември 2024

Тренчевска: Верувам дека кадрите кои излегуваат од ИБУ се спремни да одговорат успешно на нивните професии

Тренчевска: Верувам дека кадрите кои излегуваат од ИБУ се спремни да одговорат успешно на нивните професии

28 март 2023

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети  Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје каде беше пречекана од страна на ректорот на факултетот, Мехмет Дурсун Ердем и проректорот Мевлудин Ибеш. Од страна на ректорот беа презентирани просториите на кампусот од универзитетот. Целта на посетата беше работилницата која беше одржана со студентки од универзитетот која беше организирана во рамките на кампањата која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“.

За време на средбата помеѓу министерката и ректорот беше истакната почитта на ректорот и целосната поддршка кон Министерката Тренчевска и Министерството за труд и социјална политика. Тој посочи дека Меѓународниот Балкански Универзитет е создаден за секого без никаква форма на дискриминацијатокму како насоката на работа на Министерството.

По завршувањето на средбата помеѓу министерката Тренчевкса и ректорот Дурсун Ердем започна работилницата која беше водена од страна на шефицата на кабинет на министерството за труд и социјална политика, Наташа Димеска. На работилницата присуствуваа студентки од психологија, медицина и од образовните оддели. Како што налага спроведувањето на кампањата „Гласна и храбра“, на крајот од работилницата беше отворена дискусија за важноста на менталното здравје и економското зајакнување. Беше разговарано и за предизвиците со кои се соочуваат студентките, но и за предлози решенија.

Министерство за труд и социјална политика

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан