Тренерот на Галатасарај се обидел да го убеди Виктор Осимен да потпише нов договор
- Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, разговарал со напаѓачот Виктор Осимен по телефон во обид да го убеди да потпише нов договор со турскиот клуб. Галатасарај е решен да го задржи Осимен по импресивната сезона на позајмица од италијанскиот Наполи.
Истанбул, 26 јуни 2025 (МИА) - Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, разговарал со напаѓачот Виктор Осимен по телефон во обид да го убеди да потпише нов договор со турскиот клуб. Галатасарај е решен да го задржи Осимен по импресивната сезона на позајмица од италијанскиот Наполи.
Бурук ги потврди големите амбиции на клубот, велејќи му на нигерискиот репрезентативец дека неговото останѕвање во тимот би била најдобрата одлука во неговата кариера, според локалниот весник „Фанатик“.
Напаѓачот постигна 37 гола и имаше 8 асистенции во сите натпреварувања со Галатасарај, кој минатата сезона ја освои двојната круна во Турција. Ова привлече интерес за Виктор Осимен од клубовите од Премиер лигата, а се вели дека е заинтересиран Манчестер Јунајтед, а саудискиот Ал-Хилал е подготвен да му понуди на играчот 40 милиони евра годишно.
Виктор Осимен, исто така, доби понуда од Јувентус, но клаузулата за ослободување во неговиот договор од 75 милиони евра важи само за клубови надвор од Италија, што му овозможува на шампионот на Серија „А“, Наполи, да инсистира на повисока трансферна цена од своите ривали. дс
Фото: Архива