Тренерот на Ал-Хилал за Нејмар: Не е на нивото на кое сме навикнати да го гледаме
- Се чини дека деновите на Нејмар во Ал-Хилал се избројани откако тренерот на тимот, Жорже Жесус изјави дека Бразилецот повеќе не е играч каков што беше.

Ријад, 17 јануари 2025 (МИА) - Се чини дека деновите на Нејмар во Ал-Хилал се избројани откако тренерот на тимот, Жорже Жесус изјави дека Бразилецот повеќе не е играч каков што беше.
-Нејмар е од светска класа, но физички веќе не може да настапи на нивото на кое сме навикнати да го гледаме, коментира тренерот.
Тој додаде дека 32-годишниот Бразилец нема да биде вклучен во натпреварите на тимот во азиската Лига на шампиони.
Нејмар се уште нема играно во сезоната на првенството во Саудиска Арабија бидејќи постојано е повреден.
Во исто време се шпекулира дека тој преговара за трансфер во американскиот Чикаго Фајр. дс
Фото: Архива