• понеделник, 04 ноември 2024

Тревога во Киев по голем број експлозии, најмалку еден загинат

Тревога во Киев по голем број експлозии, најмалку еден загинат
Киев, 23 ноември 2022 (МИА) - Повеќе експлозии се слушнаа денеска во Киев, каде се огласија сирените за воздушен напад. „Погоден е еден од инфраструктурните објекти во главниот град. „Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува“, напиша на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко не даде повеќе детали. Едно лице загинало кога била погодена двокатна зграда во главниот град на Украина. Има и еден ранет. Во последниве недели, Русија често го гранатираше украинскиот главен град, како и енергетските капацитети низ целата земја, што доведе до прекини на електрична енергија на многу места. Исто така, градот Лавов, во западна Украина, е без струја по руските напади, соопштија локалните власти. Прекини на струја се забележани и во соседна Молдавија. паг/

Остани поврзан