• сабота, 23 ноември 2024

Трајната поставка за природните богатства на Вевчанските извори и Јабланица, едукативен центар за постетителите

Трајната поставка за природните богатства на Вевчанските извори и Јабланица, едукативен центар за постетителите

Вевчани, 2 април 2024 (МИА) - Трајната поставка за природните богатства насловена „Патување низ природните богатства на Вевчански Извори“, која од неодамна е изложена во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани ги запознава посетителите со природните вредности и реткости на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански извори и планината Јабланица.

Поставката е изработена од Еко-свест, како дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори”, финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

- Трајната поставка е еден вид едукативен центар во Вевчани, како за учениците од основните и средните училишта при спроведување на еднодневни екскурзии, така и за студентите, туристите и сите љубители на природата. Поставката е исполнета со забавни и едукативни содржини за сите возрасти и е изработена на македонски и англиски јазик, информира Еко-свест Вевчани.

Изложбата, додаваат, во комбинација со едукативните активности во природа, како и акциите со граѓанска наука, го комплетира едукативното искуство за сите љубители на природата. сс/дма/

Фото: Еко-свест Вевчани

Остани поврзан