Трајановски: Аеродром за сите, решенија за достоинствен живот на лицата со попреченост
- Секој граѓанин на Општина Аеродром ќе има еднакви можности, пристап и поддршка без разлика на физичките, сензорните, интелектуалните или психосоцијалните предизвици со кои се соочува, се вели во соопштението од Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Аеродром, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 8 октомври 2025
Секој граѓанин на Општина Аеродром ќе има еднакви можности, пристап и поддршка без разлика на физичките, сензорните, интелектуалните или психосоцијалните предизвици со кои се соочува, се вели во соопштението од Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Аеродром, што МИА го пренесува интегрално.
Лицата со попреченост заслужуваат достоинствен живот, целосна интеграција во општеството и поддршка од локалната самоуправа. Затоа, доколку бидам избран за градоначалник на Аеродром ќе започнеме со пристапната инфраструктура, односно Адаптација на јавните објекти, тротоари, паркови и институции со рампи, лифтови и тактилни патеки. Обезбедување на достапен јавен превоз со возила прилагодени за лица со попреченост.
Како општинска власт ќе ги поттикнуваме на локални бизниси да вработуваат лица со попреченост преку субвенции и даночни олеснувања. Подобрување на пристапот до здравствени услуги и терапевтски центри. Мобилни тимови за домашна поддршка и рехабилитација. Психолошка поддршка за лицата и нивните семејства.
Организирање на културни, спортски и рекреативни активности прилагодени за сите.
Центар за комуникации СДСМ
Фото: СДСМ