• среда, 20 ноември 2024

Трас: Нападите врз цивили во Украина треба да се истражат како воени злосторства

Трас: Нападите врз цивили во Украина треба да се истражат како воени злосторства
Лондон, 3 април 2022 (МИА) - Наводите за напади врз цивили за време на руската инвазија на Украина треба да се истражат како воени злосторства, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, додавајќи дека Обединетото Кралство целосно ќе го поддржи секој таков потег на Меѓународниот кривичен суд. „Заедно со присилното повлекување на руските трупи, гледаме се повеќе докази за шокантни дејствија на напаѓачите во малите градови како Ирпин и Буча“, вели Трас во соопштение во врска со населбите во близина на Киев. „Нивните неселективни напади врз невини цивили за време на нелегалната и неоправдана инвазија на Украина мора да бидат истражени како воени злосторства“, додава Трас. Русија негира дека имала за цел цивили и ги отфрли наводите за воени злосторства во Украина. паг/  

Остани поврзан