• сабота, 23 ноември 2024

Трамп: Не сум заинтересиран за повторни преговори со Кина

Трамп: Не сум заинтересиран за повторни преговори со Кина
Вашингтон, 12 мај 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е за повторни преговори со Кина за првата фаза од трговскиот договор, како што беше договорено на почетокот на годината. Говорејќи на брифинг за пандемијата на коронавирусот, на прашањето дали ќе се позанимава со идејата за преобликување на првата фаза од трговскиот договор, тој одговори „воопшто не“. - Не ме интересира. Ние го потпишавме договорот. И слушнав дека би сакале повторно да се отворат трговските преговори за да направат подобар договор, рече Трамп. јт/

Остани поврзан