• недела, 22 декември 2024

Трамп: Ќе победиме во Џорџија, откриваме шокантни работи

Трамп: Ќе победиме во Џорџија, откриваме шокантни работи
Вашингтон: 10 ноември 2020 (МИА) - Американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп тврди дека ќе оствари голема победа на изборите во државата Џорџија. „Џорџија ќе биде голема претседателска победа, како што беше во изборната вечер“, напиша Трамп на Твитер. Тој се осврна и на ситуацијата во Невада, за која рече дека испаднала „септичка јама на лажни гласови“. Трамп наведе дека неговите соработници откриваат работи што, кога ќе бидат објавени, ќе бидат „апсолутно шокантни“. Што се однесува до Пенсилванија, тој вели дека таа сојузната држава ги спречи републиканците да следат поголем дел од пребројувањето на гласачките ливчиња. „Незамисливо и незаконско во оваа земја“, пишува Трамп. Тој додаде дека ситуацијата во Висконсин изгледа многу добро.Законски, потребно е малку време. Тоа ќе се случи наскоро", посочи Трамп. Тој исто така најави дека се испостави дека „прагот на идентификација“ на гласачките ливчиња е поголем од првично очекуваниот. „Тоа влијаеше на многу голем број гласачки ливчиња“, напиша Трамп на Твитер. Доналд Трамп прогласи победа ноќта на изборите, но во меѓувреме, гласовите во полза на неговиот демократски противник почнаа да се зголемуваат во некои клучни земји, вклучувајќи ги и оние во кои Трамп беше во водство. Трамп и републиканците најавија правна постапка во државите каде Бајден го смени резултатот за да ги оспори начините на пребројување на гласовите пред судот, особено оние кои пристигнаа по пошта по денот на изборите. паг/    

Остани поврзан