• среда, 25 декември 2024

Трамп ја избра Габард за директорка на Националните разузнавачки служби

Трамп ја избра Габард за директорка на Националните разузнавачки служби

Вашингтон, 14 ноември 2024 (МИА) – Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ја избра поранешната демократка во Долниот дом на Конгресот, Тулси Габард за директорка на Националните разузнавачки служби.

- Како поранешна кандидатка за претседателска номинација од Демократската партија, таа (Габар) има широка поддршка во двете партии – и сега е горд републиканец, истакна Трамп.

Тој додаде дека знае оти „Тулси ќе донесе бестрашност нашата разузнавачка заедница“ и оти ќе инсистира на уставните права.

- Тулси сите ќе нè направи горди, посочи Трамп.

Габард служеше во американската Национална гарда повеќе од две децении и беше распоредена во Ирак и Кувајт. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан