• вторник, 03 декември 2024

Трамп тврди дека ако стане претседател, Путин ќе му направи услуга и ќе го ослободи новинарот Гершкович 

Трамп тврди дека ако стане претседател, Путин ќе му направи услуга и ќе го ослободи новинарот Гершкович 

Вашингтон, 23 мај 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп соопшти денеска дека ќе ги искористи своите врски со претседателот Владимир Путин кој ќе му направи „бесплатна“ услуга и ќе го ослободи Иван Гершкович, новинар на „Волстрит журнал“ кој е во руски затвор веќе 14 месеци.

На својата платформа „Трут соушл“ Трамп напиша дека тоа ќе го направи набргу по ноемвриските избори во САД по победата над Џо Бајден и  враќањето во Белата куќа.

-Иван Гершкович, репортер на Волстрит журнал кој е задржан во Русија ќе биде ослободен речиси веднаш по изборите, но дефинитивно пред да влезам во кабинетот. Тој ќе дојде дома, бебзедно и со своето семејство. Владимир Путин, претседателот на Русија ќе го стори тоа за мене, но не и за некој друг, и ние нема да платиме ништо, напиша Трамп.

Во пораката тој не кажува дали комуницирал со Путин околу ова прашање и не кажа на што се заснова неговото тврдење дека рускиот лидер ќе го ослободи Гершкович. кб/ссм/

Остани поврзан