• недела, 22 декември 2024

Трамп со критики за „Фокс њуз“ поради планираното интервју со Камала Харис

Трамп со критики за „Фокс њуз“ поради планираното интервју со Камала Харис

Вашингтон, 15 октомври 2024 (МИА) - Републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, ја критикуваше „Фокс њуз“, телевизиска куќа блиска до Републиканската партија, поради одлуката да направат интервју со неговата противкандидатка Камала Харис.

Трамп често е гостин во програмите на оваа телевизиска куќа, додека членовите на Демократската партија ретко гостуваат, но овој пат тие сепак одлучија да го променат тоа, па кандидатката на Демократите ја прифати поканата за интервју.

Поранешниот американски претседател најпрво го критикуваше водителот Брет Баер, велејќи дека е „мек кон демократите“ и дека не ги критикува доволно.

Трамп потоа ја критикуваше и самата телевизиска куќа, за која рече дека „го изгубила својот пат“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан