• сабота, 21 декември 2024

Трамп со критики до обвинителите кои бараат висока казна затвор за неговиот пријател Стоун

Трамп со критики до обвинителите кои бараат висока казна затвор за неговиот пријател Стоун
  Вашингтон, 11 февруари 2020 (МИА) Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на американските обвинители да побараат до девет години затвор за Роџер Стоун, поранешен советник на претседателот во изборната кампања од 2016 година. Стоун се товари за кривични дела поврзани со изборите во САД. - Ужасна и не фер ситуација. Вистинскииот криминал е кај другата страна, но со нив ништо не се случува. Нема да дозволам да се случи такво погазување на правдата, напиша денеска Трамп на Твитер. Стоун се занимавал со политички лобирања и махинации во интерес на Републиканската партија уште од 1960-те. Лани во ноември тој беше прогласен за виновен по сите седум точки од обвинението, вкклучувајќи лажно сведочење пред Конгресот за неговите напори да добие инфомации за електронски пораки на демократите, украдени од хакери, а со цел да се компромитира ривалот на Трамп, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Материјалите од обвинениото го товарат и за попречување на истрагата на Конгресот за руската вмешаност во изборите во 2016 година, за влјание и заплашување сведоци, за лажење под заклетва и „демонстрација на непочитување на судот и законот“. Обвинителство, врз основа на федерални директиви, бара седум до девет години затворска казна за 67 годишниот Стоун, и тоа, како што наведуваат „е сооодветно на сериозноста на неговите незаконски дела“. Адвокатите пак повикуваат судот да пресуди условна казна, со оглед на неговата возраст и отсусто на минат кривичен прогон. Пресудата треба да биде изречена неделава. Сеуште не се знае дали Трамп ќе го помилува Стоун, откако лани во декември не исклучи таква можност а обвинителите ги нарече „валкани цајкани“ и „лоши луѓе“. кб/

Остани поврзан