• петок, 16 мај 2025

Трамп следниот месец ќе биде подложен на рутински медицински преглед

Трамп следниот месец ќе биде подложен на рутински медицински преглед

Вест Палм Бич, 1 март 2025 (МИА) – На американскиот претседател Доналд Трамп следниот месец ќе му биде направен рутински медицински преглед, објави неговиот лекар Шон Барбабела.

Годишниот систематски преглед на американскиот претседател ќе се изврши во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“ идниот месец, се наведува во соопштение објавено од Белата куќа.

„Датумот на неговиот преглед ќе биде јавно објавен во следните неколку недели“, изјави д-р Барбабела. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан