• петок, 16 мај 2025

Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор

Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор

Вашингтон, 21 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека се надева дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор.

„Се надеваме дека Русија и Украина ќе склучат договор оваа недела. Двете земји тогаш ќе почнат да склучуваат големи зделки со Соединетите Американски Држави и ќе заработат богатство“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).

Трамп минатата недела разговараше за прекинот на огнот со највисоките претставници на неговата администрација, вклучително и со државниот секретар Марко Рубио и пратеникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, при што изрази фрустрација, наведувајќи дека „преговорите не водат никаде“, пренесува порталот Аксиос. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан