Трамп: Путин можеби намерно ги одложува разговорите за прекин на огнот во војната во Украина
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „можеби намерно ги одложува преговорите за прекин на огнот во војната во Украина“ и го изрази своето разочарување поради засиленото руско бомбардирање.
Вашингтон, 28 мај 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „можеби намерно ги одложува преговорите за прекин на огнот во војната во Украина“ и го изрази своето разочарување поради засиленото руско бомбардирање.
„Ќе откриеме дали одолговлекува или не, а ако е така, ќе одговориме малку поинаку“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.
Тој истакна дека не може да каже дали Путин сака да ја заврши војната и дека ќе му треба околу една недела за да дознае. зш/