• сабота, 13 декември 2025

Трамп пред посетата на Блиски Исток: Војната во Појасот Газа заврши

Трамп пред посетата на Блиски Исток: Војната во Појасот Газа заврши

Вашингтон, 13 октомври 2025 (МИА) – Војната во Појасот Газа заврши, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп пред да замине во посета на Израел и на Египет, каде што денеска ќе се одржи самит за постигнување мир во палестинската енклава.

Трамп додаде дека посетата „ќе биде многу специјален момент“.

- Сите со нетрпение очекуваат да го доживеат, наведе Трамп.

Тој додаде дека многу луѓе и во Израел и во арапскиот свет „аплаудираат“ на договорот, кој го посредуваше неговата администрација.

Сите се воодушевени и возбудени, и ќе си поминеме неверојатно, посочи Трамп. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан