• сабота, 22 февруари 2025

Трамп: Преговорите за Блискиот Исток со Израел и неколку други земји „се движат напред“

Трамп: Преговорите за Блискиот Исток со Израел и неколку други земји „се движат напред“

Вашингтон, 3 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите за Блискиот Исток со Израел и неколку други земји „се движат напред“.

-Преговорите за Блискиот Исток со Израел и неколку други земји напредуваат, рече Трамп на прес-конференција пред неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Новоизбраниот претседател на Републиканската партија утре во Вашингтон треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а една недела подоцна, на 11 февруари, ќе биде домаќин на јорданскиот крал Абдула Втори.

Трамп, исто така, рече дека разговорите што САД ги водат со Украина и Русија во врска со речиси тригодишната војна „одат многу добро“.

-Имаме состаноци и дискусии со различни учесници, вклучувајќи ги Русија и Украина. Мислам дека овие дискусии се одвиваат многу добро, нагласи американскиот претседател. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан