• сабота, 21 декември 2024

Трамп посети делови од Луизијана и Тексас погодени од ураганот

Трамп посети делови од Луизијана и Тексас погодени од ураганот
Вашингтон, 30 август 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера ги посети крајбрежните делови на Луизијана и Тексас во Мексиканскиот Залив, кои беа тешко погодени од ураганот Лаура. Делови од овие држави се без електрична енергија и вода, а операциите за расчистување се одвиваат во услови на топло и влажно време. Најмалку 14 лица загинаа кога ураганот од четврта категорија ја погоди таа област во четвртокот наутро. Повеќе од половина од жртвите се отруени од јаглерод моноксид поради неправилна употреба на генератори. Трамп прво го посети Лејк Чарлс во Луизијана, град со околу 80.000 жители, кој претрпе големи штети. Трамп ќе го посети и блискиот Оринџ во Тексас, град со повеќе од 18.000 жители во област чија економија зависи од фабриките за хемикалии. Гувернерот на Тексас, Грег Абот вели дека областа имала среќа затоа што Лаура направила благо свртување кон исток, а со тоа биле спречени големите бранови кои ги предвидоа метеоролозите. Еден ден пред посетата на регионот, Трамп прогласи состојба на природна катастрофа во Луизијана, што отвора средства од федералниот буџет за помош на пет окрузи кои беа на директниот пат на ураганот. јт/

Остани поврзан