• недела, 22 декември 2024

Трамп покани во Белата куќа видни републиканци од Мичиген да покажат дека изборите биле спорни 

Трамп покани во Белата куќа видни републиканци од Мичиген да покажат дека изборите биле спорни 

Вашингтон, 19 ноември 2020 (МИА) - Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, повика утре во Белата куќа да дојдат неколкумина републиканци од Мичиген за да покажат зошто изборите во оваа сојузна држава биле спорни. 

Станува збор за лидерот на сенатското мнозинство во Мичиген, Мајк Ширки, и спикерот на Претставничкиот дом, Ли Чатфилд. Во Белата куќа тие треба да пристигнат утре попладне и да претстават докази за наводни нарушувања на изборниот процес во оваа сојузна држава. 

Поканата на републиканските законодавци во Белата куќа е последен обид и тоа најдрзок, во салвата од кампањи што Трамп и неговите соузници ја активираа за да се посее сомнеж во победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, пишува Њујорк тајмс. 

Иако кампањата на Трамп досега не доби ниту еден судски спор за оспорување на резултатите, оттаму се уште се надеваат на поништување на сертификацијата на резултатите од гласањето во повеќе окрузи низ САД, во градовите како Детроиит, Филаделфија, Милвоки или Атланта, каде Бајден доби десетици илјади гласови во негова полза, и во големите и политички моќни Афроамерикански заедници. 

На оваа тема денеска прес конфернеција оддржа Руди Џулијани, адвокат на Трамп и најистурениот човек во оваа кампања за поништување на изборите во САД. 

Самиот Трамп, пак, во деновите по 3 ноември ретко се појавува во јавноста и неговиот дневен распоред речиси нема настани, и покрај влошената ситуација со коронавирусот во земјата. кб/ сд/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан