• петок, 05 декември 2025

Трамп не размислува за испраќање ракети „Томахавк“ во Украина

Трамп не размислува за испраќање ракети „Томахавк“ во Украина

Вашингтон, 3 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека не размислува да ѝ обезбеди на Украина ракети со долг дострел „Томахавк“.

На новинарско прашање, поставено во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, дали размислува да го испорача ова оружје на Украина, Трамп одговори: „Не, воопшто не“.

Американскиот лидер го даде овој коментар при враќањето во Вашингтон од неговиот имот на Флорида. ссм/

фото: архива

Остани поврзан