Трамп најави дека утре ќе присуствува на трговските преговори со Јапонија
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично ќе присуствува на утрешната средба со јапонските претставници во Вашингтон, на која теми на разговор ќе бидат трговијата, царините и трошоците за американската воена поддршка за Јапонија.

Вашингтон, 16 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично ќе присуствува на утрешната средба со јапонските претставници во Вашингтон, на која теми на разговор ќе бидат трговијата, царините и трошоците за американската воена поддршка за Јапонија.
„Јапонија денеска доаѓа на преговори за царини, трошоци за воена поддршка и фер трговија. Ќе присуствувам на состанокот заедно со секретарите за финансии и трговија. Се надевам дека ќе успееме да постигнеме договор кој е добар и за Јапонија и за САД“, напиша Трамп на платформата Трут сошл.
Трамп, кој претходно го критикуваше безбедносниот договор со Токио, рече дека сегашниот договор е „многу интересен“, но дека е едностран. паг/
Фото: ЕПА