Трамп и Нетанјаху ќе разговараат за Иран, Газа и израелските заложници
- Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за прекин на огнот во Газа, договорот за ослободување на израелските заложници кои ги држи Хамас и нуклеарните преговори со Иран.

Вашингтон, 21 април 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за прекин на огнот во Газа, договорот за ослободување на израелските заложници кои ги држи Хамас и нуклеарните преговори со Иран.
Ова го јави порталот Аксиос повикувајќи се на два неименувани извори.
Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа пред две недели.
Третата рунда преговори меѓу Иран и САД за нуклеарната програма на Техеран ќе се одржи в среда во главниот град на Оман, Мускат, со учество на посредници. јт/
Фото: МИА архива